139 семки од Канабис пронајдени кај стружанец
Во Струга на 9-ти јули кај едно лице се пронајдени 139 семки од Канабис сатива, четири стебла, две метални дробилки и уште неколку предмети со остатоци од марихуана. Кај лице од Скопје, во автомобил истиот ден е пронајден кокаин.
Спречен шверц на 3 килограми марихуана кај „Ќафасан“
На 9-ти јули 2021 година, во шумски појас во близина на граничниот премин „Ќафасан“ кај Струга, полициска патрола од ОВР Струга, пронајде и одзеде најлонска кеса со околу три килограми марихуана.
Мерко негира дека нелегално гради 5 викендици во Ливадиште
Алијанса на Албанците го обвинува градоначалникот Рамиз Мерко за нелегална градба на 5 викендички во автокампот Ливадиште во струшко Радожда. Мерко негира, негираат и од компанијата Елем турс, која стопанисува со автокампот.
Во Струга досега вакцинирани се 7000 граѓани
Во струшката болница на три пункта тече процесот на вакцинација. Досега вакцинирани се 7000 граѓани, а 4500 примиле и втора доза. Во Струга нема ниеден заболен со корона вирусот. Модуларната болница е празна,а последниот хоспитализиран пациент е испратен на 20 јуни.
Одржан судскиот процес за струшката депонија
Судскиот процес за струшката депонија денес се одржа на лице место. Судии, адвокати, тужители и вептаци вршеа увид на дивата депонија, која е во самиот град на само 500 метри до куќите. Тужителите бараат итна дислокации, адвокатите на општината велат проблемот може да го реши само Владата преку изградба на регионални депонии.
Продолжува пустошењето на шумите на Јабланица
Продолжува пустошењето на боровите шуми во атарот на селото Лабуништа. И концесионерите на шумите, но и дрвокрадци од околината и Албанија ги соголија шумите на Јабланица. Активистите од Лабуништа бараат надлежните да преземат мерки во спротивно се заканија со протести и блокади.
Стружани на бензиска пумпа нападнале лица од Куманово
На 23.06.2021 полициски службеници од ОВР Струга ги лишиле од слобода Р.Р.(19) и А.Р.(38), двајцата од Струга, постапувајќи по пријава добиена околу 19.00 часот од Медицински центар Струга, според која кај нив со повреди биле донесени Б.Х.(34) и Д.Х.(30), двајцата од Куманово.
„Мини саем на книгата“ во Струга
Во среда во Паркот на поезијата во Струга ќе се одржи „Мини саем на книгата“.