Успешно заврши јубилејната 35-та Интернационална Ликовна колонија “Дебрца 2019”
Полека се враќа сјајот на една од најстарите ликовни колонии во Македонија. Заврши јубилејната 35-та Интернационална Ликовна колонија „Дебрца 2019”, на која беа создадени преку триесет нови ликовни дела, повеќе од вкупно создадените во изминатите 5-6 години.
КУД “Дримкол” на ЦИОФФ Фестивал во Пермет, Албанија
КУД “Дримкол” Вевчани овие денови македонскиот фолклор и традиција ги презентира пред публиката во Република Албанија во градот Пермет, град во кој датираат зачетоците на фолклорот во Албанија.
До крајот на оваа година ќе се знае кога ќе започне да се гради новата струшка болница
Најизвесна локација за изградба на објектот е неизградено државно земјиште на магистралниот пат Струга – Ќафасан, од десната страна, каде дел од земјиштето ќе биде наменето за здравствена дејност.
Струшкиот Завод за нефрологија ќе добие дигитални апарати за хемодијализа
Владата го разгледа и усвои новиот текст на Информацијата за давање одобрение на Министерството за здравство за почнување постапка за доделување на повеќегодишен договор за јавна набавка на медицинска опрема за повеќе јавни здравствени установи. Струшкиот завод за нефрологија е една од установите која ќе добие медицинска опрема дигитални РТГ апарати.
Промовиран видео запис на народната песна „Јаворе“ од Викторија Чочороска
На музичката сцена ова е нејзин прв проект и плод на соработката сo композиторот Николче Мицевски. Спотот беше промовиран во Вевчани од каде што потекнува Чочоровска.
Општините Дебрца, Струга и Вевчани добија механизација со пари од Светска Банка
Општините Дебрца, Струга и Вевчани на трајно користење доби универзален ровокопач, со придружна опрема хидрауличен чекан и даска за снег марка Hidromec.
Со европски пари ќе се воведат нови туристички содржини на Слатинско Езеро
Презетиран проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, што го имплементира Министерството за локална самоуправа и со поддршка на Швајцарската агенција за развој и соработка.
Одделението за хирургија при струшката општа болница е ставено под клуч
Заразната болест морбили го стави под клуч хируршкото одделение на Општа Болница Струга. Одделението не може да функционира заради тоа што половина од вработените се заразени со морбили и се на боледување. Карантинот ќе трае до 28 мај.