Нов Мега маркет на МИСА во Струга
МИСА им излегува во пресрет на потрошувачите со огромен асортиман на производи на 900 метри квадратни и сопствен паркинг простор.Станува збор за домашна инвестиција, која отвори нови 40 вработувања, шести по ред маркет во ланецот Миса
Семејна драма во Татеши
Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „телесна повреда при вршење семејно насилство“ и „одземање на дете“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 52-годишно лице од струшкото село Горно Татеши.
Општина Дебрца, отпочна со постапка за изработка на Локален еколошки акционен план (ЛЕАП)
Овој документ претставува највисок локален стратешки документ за управување и заштита на животната средина на ниво на општина.
Работен состанок на Фокус Групата за изработката на Стратешкиот акционен план на целиот слив на реката Дрим
Во рамки на Дримскиот Процес и ГЕФ Дримскиот Проект денеска во Скопје се одржува работен состанок на Фокус Групата за изработката на Стратешкиот акционен план на целиот слив на реката Дрим.
Инспекторите на Државниот градежен инспекторат излегоа на терен во контрола на плажите на Охридско-Струшката ривиера
Министерот за транспорт и врски најави дека веќе е во процедура Законот за измени на законот за градежно земјиште, со којшто треба да се дефинира начинот на кој државата ќе стопинисува со плажите и дека очекува деновиве државата да го преземе стопанисувањето со плажите на Охридското, Преспанскиото и Дојранското Езеро.
Во Мороишта физички нападната 74-годишна жена
На 01.10.2021 година, во ОВР Струга приведен и лишен од слобода е Л.Ц.(70) од Охрид кој претходно, во нејзината куќа во струшкото село Мороишта, физички ја нападнал Х.М.(74) од истото село, нанесувајќи и телесни повреди.
Под присилба барал простор под закуп
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против И.Н.(38) од село Велешта, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторенo кривично дело „присилба“.
Стружанец нападнал вработен во спортска обложувалница во Струга
На 27.09.2021 година околу 11.30 часот пред спортска обложувалница на улицата „15 корпус” во Струга нарушен е јавниот ред и мир со физички напад и закана со остар предмет, извршена од С.Р. врз вработениот Ц.Р., двајцата од Струга.