Полека се стабилизира матноста на водата од градскиот водовод во Струга
Но забраната за нејзина употреба за пиење и понатаму е на сила. Физичко хемиските и микролошки анализи кои ги прави Центарот за јавно здравје Охрид ќе покажат кога стружани ќе може да ја користат водата без последици по своето здравје.
Небезбедна за пиење водата во градскиот водовод во Струга
Поради обилните врнежи од дожд кои деновиве го зафатија подрачјето на општина Струга дојде до нарушување на квалитетот на водата за пиење од градската водоводна мрежа во Струга, по однос на параметарот матност.
Се сретнаа претставниците на Црвениот крст на Република Македонија и Црвениот крст на Република Бугарија
Деновиве во Струга се одржува средба на раководните одбори на Црвениот крст на Република Македонија и Црвениот крст на Република Бугарија. На средбата се разменија досегашни искуства и практики во работењето на двете национални друштва, со цел долгогодишната соработка помеѓу двете национални организации да се подигне на едно повисоко ниво.
Со денови беснеат пожари во струшко
Не стивнуваат шумските пожари во струшко. Пожари беснеат над селата Луково и Нерези на непристапен терен. Жителите бараат помош Центарот за управување со кризи.
Приведени осомничените за тепачката во клубот „Оаза“
Поради постоење основи на сомнение за сторенo казнено дело „учество во тепачка”, полициската станица од Струга, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против седум лица од Струга и струшкото село Калишта.
40 години од првата хемодијализа во Струга
Пред скоро половина век во Струга беше извршена првата хемодијализа. Заводот за нефрологија изминативе 40 години прерасна во регионален здравствен центар . Во план е воведување на нова хируршка процедура – трансплантација на бубрег, асе работи и на развој на здравствениот туризам.
При крај е изградбата на претоварната станица на струшката депонија
За брзо време ќе биде пуштена во употреба претоварната станица на струшката дива депонија. Хрватската компанија забрзано работи на изградба на станицата по европски терк. Команалниот отпад во станицата ќе се пресува и во специјални контејнери ќе се транспортира на друга локација, најверојатно на Дрисла.
Дијабетичарите од Струга кои користат инсулин реагираат на квалитетот на терапијата
Дијабетичарите од Струга кои користат инсулин реагираат на квалитетот на терапијата. Постојано поплаки за инсулинот пристигнувaат до општинското здружение на дијабетичари. Пациентите се сомневаат дека причината можеби е во таканаречениот паралелен увоз на инсулин.