Skip to main content
Сеп 11, 2019

Полека се санира состојбата на болничкиот оддел во струшкиот завод за нефрологија. При синоќешниот пороен дожд покривот прокисна и неколку соби беа поплавени. Тоа се случува со години и потребна е целосна реконструкција на кровот, за што еден тендер бил објавен во април и пропаднал, а нов ќе се објавува есенва.  


Сеп 2, 2019

Неодамна во општина Дебрца од страна на преставници на консултаљнтската фирма „Maneko Solutions“ од Скопје беше презентирана нацрт верзијата од Локалниот еколошки план за општина Дебрца 2019-2025 година.


Авг 21, 2019

Бландиана е  поетеса со бунтовен и критички дух која не замолчува пред неправдата. Таа е припадник на генерацијата поети од 60 те години, од плеадата поети кои припаѓале на неомодернистичкиот правец. 


Авг 15, 2019

Во летните месеци три пати повеќе смет се подига на струшкото крајбрежје, информираат од ЈП Комунално Струга. Првиот човек на Комуналното демантира дека  струшките улици биле затрупани со смет. Работевме во три смени, а таквите обвинувања доѓаат од партиските кујни на опозицијата, вели директорот Клечкароски. 


Авг 9, 2019

Минатата година, поаѓајќи од барањата на граѓаните Општина Дебрца отпочна со проектот “Изградба на бетонски пропусти на локални и полски патишта и улици во општина Дебрца”.


Јул 19, 2019

Порачаа дека не се согласуваат општината да ги врати ингеренциите од урбанизмот на државата и дека на тој начин Мерко бега од одговорност. Градоначалникот Мерко недостапен за медиумите по вчерашното писмо упатено до Владата во кое сам се саморазвласти од надлежностите во урбанизмот.


Јул 11, 2019

Полека се враќа сјајот на една од најстарите ликовни колонии во Македонија. Заврши јубилејната 35-та Интернационална Ликовна колонија „Дебрца 2019”, на која беа создадени преку триесет нови ликовни дела, повеќе од вкупно создадените во изминатите 5-6 години.


Јун 24, 2019

КУД “Дримкол” Вевчани овие денови македонскиот фолклор и традиција ги презентира пред публиката во Република Албанија во градот Пермет, град во кој датираат зачетоците на фолклорот во Албанија.