Skip to main content
Ное 6, 2017

„Подобрување на управувањето со заштитените подрачја”, нов проект за заштита на природата. Овој проект е финансиран од УНДП, ЕУ, во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање. Во рамките на проектот предвидено е да се доделат 20 грандови за проекти од оваа област.


Ное 4, 2017

Единствениот препаратот во струшкиот Музеј Д-р „Никола Незлобински“, Васко Јолески исправен на патот да ја врати препараторската дејност во Македонија која што во моментов за жал е во изумирање.


Окт 30, 2017

Рамиз Мерко е новиот струшки градоначалник. Неговиот противник Зијадин Села не ги признава изборните резултати, обвинува за поткуп и уцени. Мерко возвраќа кој губи има право да се лути и го повикува сите да работат заедно за подобро утре.


Окт 25, 2017

Двата поголеми извори Шум и Горна Белица од кои стружани се снабдуваат со вода за пиење имаат двојно помала издашност на доток со вода. Вакавата состојба допринесе стружани повторно да се соочуваат со децениски нерешениот проблем со водоснабдувањето во градот.


Окт 17, 2017

Добри проекти за развој на прекуграничните места од Македонија и Албанија како и поголема искористеност на ИПА компонентата за прекугранична соработка очекува министерот за Локална самоуправа Сухејл Фазлиу. Тој смета дека време е еднаш засекогаш да ја извадиме политиката од институциите за да можат општините да функционираат професионално.


Окт 17, 2017

Во Струга најверојатно ќе се гради нов затворен базен. Такви се очекувањата на директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски, кој вели дека оваа идеја сеуште се разгледува како можна опција за решение на овој децениски проблем.


Окт 16, 2017

Зоран Ногачески кандидатот на СДСМ е градоначалник на Дебрца а Сашо Јанкоски на од истата политичка опција во Вевчани, според последните податоци на ДИК. Општина Струга оди во втор круг со кандидатите Зијадин Села зад кој стои еден неполн градоначалнички мандат и Рамиз Мерко кој во оваа општина одработи два мандати, изминативе години.


Сеп 26, 2017

Институтот за истражувања Импакт денес во Струга ја претстави алатката „Локален избор“, достапна на македонски и албански јазик . Оваа алатка граѓаните имаат можност да ја користат од почетокот на изборната кампања до денот на локалните избори.