Под присилба барал простор под закуп
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против И.Н.(38) од село Велешта, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторенo кривично дело „присилба“.
Стружанец нападнал вработен во спортска обложувалница во Струга
На 27.09.2021 година околу 11.30 часот пред спортска обложувалница на улицата „15 корпус” во Струга нарушен е јавниот ред и мир со физички напад и закана со остар предмет, извршена од С.Р. врз вработениот Ц.Р., двајцата од Струга.
Пожар во атарот на Општина Вевчани
На 21.02.2019 година, околу 11 часот, во месноста „Суво поле“, атар на општина Вевчани, случен е пожар, во кој, на една парцела целосно изгореле 100 насади од Лешник и околу 2000 м квадратни земјоделска површини.
Осквернавени бистите на Анте Попоски и Славко Јанески во Струга
Осквернавени дел од бистите во Алејата на писатели во Струга. Обезглавена е бистата на Анте Попоски, а оштетено е и спомен обележјето на Славко Јанески. Струшки вечери на поезијата го осуди настанот.
„Миса“ маркетите подготвени за новогoдишните и божиќните празници
На десетина дена пред Новата Година најмногу се троши за храна и пијалаци. Граѓаните велат дека за овие празници секој одвојува дел од својот буџет, со цел достоинствено и во своите можности се одбележат празниците.
Целото струшко крајбрежје под концесија
37 плажи на струшкото крајбрежје е планот на градоначалникот Мерко за развој на градот. Но за тоа во моментов ја нема поддршката во советот. Граѓаните стравуваат дека доколку предлог одлуката помине, не само што нема да остане ниту еден метар слободна јавна површина на струшкиот брег туку тоа ќе претставува еколошка катастрофа.
Полека се стабилизира матноста на водата од градскиот водовод во Струга
Но забраната за нејзина употреба за пиење и понатаму е на сила. Физичко хемиските и микролошки анализи кои ги прави Центарот за јавно здравје Охрид ќе покажат кога стружани ќе може да ја користат водата без последици по своето здравје.
Небезбедна за пиење водата во градскиот водовод во Струга
Поради обилните врнежи од дожд кои деновиве го зафатија подрачјето на општина Струга дојде до нарушување на квалитетот на водата за пиење од градската водоводна мрежа во Струга, по однос на параметарот матност.