Skip to main content
Отпад Струга
Ное 25, 2022
Жителите поднесоа петиција
Стариот дел од градот Струга затрупан со отпад. Комуналното претпријатие не ги расчистува депониите, со оправдување дека нема можност да пристапи со механизацијата поради изградбата на улиците. Жителите поднесоа петиција до комуналниот инспекторат, но и приговор до државниот управен инспекторат и до инспекцискиот совет.

Општина Струга
Ное 25, 2022
Идеи и предлози
„Добродојдени сте со Вашите идеи и предлози, секогаш за доброто на Струга и за потранспарентна општина“, велат од Општина Струга.

Канализациона линија во Вевчани
Ное 25, 2022
Градежни активности
Со овој инфраструктурен проект општината има за цел целосно заокружување на канализационата мрежа во Вевчани.

Црн Дрим Струга
Ное 24, 2022
Градски водовод
Стружани повторно се жалат на заматена вода од градскиот водовод. Во време на економска криза плаќаат високи сметки за вода, а принудени се да купуваат од продавница. Првиот човек на градот вели во тек е реализација на проект со кој конечно ќе се надминат проблемите со водоснабдувањето.

Музеј Струга
Ное 23, 2022
Реконструкцијата чини 3 500 000 денари
Научно природниот музеј „Д-р Никола Незлобински” во ново руво. Со 3 500 000 денари извршена е реконструкција на покривот, фасадата, дограмата и ентериерно уредување. За следната година се планира промена на витрините на поставките и изградба на галериски простор.

Мултиетнички фестивал Струга
Ное 23, 2022
Центар за култура браќа миладиновци
Настанот е во организација на НУ Центар за култура „Браќа Миладиновци“, а влезот е по симболична цена од 50 ден. Средствата од влезниците ќе бидат наменети за реновирање на главната сцена во Центарот.

Вевчански извори
Ное 22, 2022
Туризам
Вевчани на мапата 100 зелени светски дестинации. Општината и локалниот бизнис ќе работат на развој на одржлив туризам. Општина Вевчани како прва одржлива дестинација во Македонија, ќе биде модел кој ќе послужи како инспирација и ќе се преслика на други дестинации низ државата.

Кокаин
Ное 20, 2022
Кривична пријава
Жител на Албанија фатен со кокаин во Струга. Против него е поднесена кривична пријава, информира портпаролот на СВР Охрид.