Дек 19, 2022
Противпожарна единица
ТППЕ Струга воспостави сензорен систем за детектирање пожари
Противпожарната единица Струга воспостави 24 часовен мониторинг на регионот. Со посебен сензорен систем и камери се мониторира состојбата во градот, селата и шумите во регионот. Струшките пожарникари годинава имаа 280 интервенции.
Дек 19, 2022
Јп хигиена
Исчистена и затворена за отпад дивата депонија во Лабуништа
Решен деценискиот еко проблем во Лабуништа. Исчистена и затворена за одлагање отпад дивата депонија. Отпадот од најголемото село во земјава со 9000 жители ќе се транспортира на струшката депонија. И депонијата во Струга која е лоцирана во самиот град е нестандардна и дива, но организирана и редовно се одржува, велат од општината.
Дек 13, 2022
Здравство
Алармантна состојбата на детското одделение во Струга
Доктор Вулнет Бектеши од Детското одделение во Општата болница Струга преку јавен фејсбук статус алармираше за тешката состојба со недостиг на лекари. Тој бара да се преземе конкретна акција од ресорното министерсво за надминување на проблемот кој настана откако во Охрид поради недостиг на педиајтри престана да функционира детското одделение, а децата веќе една година се препраќаат во Струга.
Дек 12, 2022
Сениори
3-то место за Џудо клубот Дрим на Државно првенство
Сениорите на Џудо клубот „Дрим“ од Струга го освоија третото место на Екипното Државно првенство кое се одржа викендов.
Дек 9, 2022
Основно јавно обвинителство – Струга
ОJO оформи предмети за злоупотреби во ЗД Вевчани
Отворен е предмет за надрилекарство и за злоупотреба на службена должност на директорот и на Комисијата за селекција при вработување. Во текот на истражувањата за случајот во кој лице работело како лекар 4 години без диплома и лиценца , ОЈО дошло до сознанија и за нови злоупотреби.
Дек 9, 2022
Регионален пат струга дебар
Во сообраќајка повредени две охриѓанки
Две охриѓанки се здобиле со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа која се случила на региналниот пат Струга-Дебар.
Дек 6, 2022
Нема да има организиран дочек за нова година
Струга ќе биде празнично украсена
Струга ќе блесне во Новогодишно руво. Ќе биде организиран концерт за најмладите, но нема да има масовен дочек на Новата година. Од општината велат за празниците нема да има рестрикции на уличното осветлување.
Дек 5, 2022
Чиста и здрава животна средина
Акција за чистење на струшкото крајбрежје
Градоначалникот Мерко ги повика стружани заеднички да ја чуваат околината и да обезбедат чиста и здрава животна средина.







