СВР сеуште трага по осомничениот за убиството на Дилавер Бојку – Леку
Убиството беше извршено вчера во 16 часот и 30 минути во ресторантот „Аква блу“ во Струга. На местото на настанот извршен е криминалистичко-технички увид предводен од Јавен обвинител при Основното јавно обвинителство Струга во содејство со полициски екипи.
Заводот за нефрологија од Струга слави 30 години успешно функционирање
Министерот Бујар Османи рече дека оваа установа која важи една од најголемите и квалитните, и понатаму ќе ја има подршката од ресорното министерство.
Предшколска мултиетничка паралелка во Струга
Своите деца ги запишуваат на листа на чекање уште од самото раѓање. Проектот „Мозаик“ бележи успех во 9 годишното постоење.
Министерството за здравство од годишниот буџет одвои средства и за јавните здравствени установи во Струга
Тие ќе набават најмалку по три апарати кои им се неопходни за дијагностика.
Туристичките работници од Балканот се собраа во Струга
Преку туристичка берза се презентираат пропагандни материјали од капацитети со кои располага земјава, но и соседните држави.
Признавањето на Косово нема да ги запре србите да дојдат во Македонија
Повеќе од 80% од новогодишните аранзмани за Охрид се распродадени на гости од србија. Туризмот не познава граници-смета уредникот на туристичката редакција „Призма“.
Мал број стружани се заинтересирани да отпочнат сопствен бизнис
Во центарот за вработување аплицирале 93 невработени. Засега само на 32 лица им е одобрен кредит за таа намена. Туризмот не привлече внимание кај никој од нив.
Законот за Јавна чистота ја подобрува хигиената во Струга
Директорот на Комуналното Претпријатие ги критикува полициските служби дека минимално се ангажирани. За непочитување на одредбите од законот засега се казнети само 10 лица.