Skip to main content
Општина Струга
Ное 2, 2022
Општина струга
Стружани плаќаат, а не добиваат јавно осветлување. И по две недели од поднесениот Управен приговор, за намалување на комуналната такса, од општината молк. Граѓаните и правниците, обвинуваат општината наплатува услуга која не ја дава, се закануваат со тужба до Управен суд.

Кучиња скитници
Окт 31, 2022
Изгласана одлука за формирање на адхок тело
Општина Струга не ја спроведува одлуката на советниците за формирање на адхок тело за решавање на проблемот со уличните кучиња. Бездомните кучиња во струшко се се побројни и поопасни за граѓаните, секојдневно се регистрирани напади и каснувања. Градоначалникот Мерко вели се работи на решавање на проблемот.

Окт 31, 2022
Центар за развој на Југозападниот плански регион
Интерес има да се подобри комуналната и патната инфраструктура, пречистување на отпадни води, опремување на центри за децата со посебни потреби, но и предлози за намалување на ефектите од енергетската криза. За оваа намена предвидени се 55 милиони денари од националниот буџет.

Струга
Окт 31, 2022
Во Струга ќе се постави спомен обележје-плоча, за гостопримството и благодарноста до стружани. Во 1999 година граѓаните на Косово во најтешките денови се засолнија во струшките семејства и овие спомени ќе се пренесуваат од колено на колено.

Приведен стружанец
Окт 28, 2022
Лишен од слобода
Во меѓународна операција во Австралија лишени се од слобода 13 лица кои биле припадници на криминални групи поврзани со групата која ја координирал стружанецот, при што била запленета голема количина дрога во вредност од над 10 милиони австралиски долари.

Детско одделение во Струга
Окт 28, 2022
Респираторни инфекции
Зголемен бројот на респираторни инфекции во охридско-струшкиот регион. На детското одделение во Струга секојдневно се лекуваат по стотина деца, а најкритично е за време на викенди кога нивниот број во просек е 200. Детското одделение во Струга го покрива целиот регион, откако пред една година поради недостиг на педијатри се затвори детското одделение во охридската болница.

Општина Струга
Окт 27, 2022
Мост на поезијата
Општинската администрација на градот Струга се пресели во нова зграда, на улицата „Партизанска“ до Мост на Поезијата.

Брза помош Вевчани
Окт 25, 2022
Со спорна диплома лекувал пациенти
Надлежните ја проверуваат веродостојноста на документацијата која лицето ја приложило при вработувањето. Младиот лекар е времено суспендиран.