Skip to main content
Струга
Авг 23, 2022
Струшки вечери на поезијата
За овие планирани затворања на две улици изготвен е сообраќаен елаборат, за кој е добиена согласност од Општина Струга и одобрение од СВР Охрид, информираат од СВП.

Изложба Малесија
Авг 23, 2022
Изложба
Животот во струшка Малесија пред еден век, прикажан преку изложба на фотографии. Некогаш живи села со над 1000 жители денес целосно раселени и пусти. Целта на изложбата во организација на Центарот за култура Струга е да се овековечи културата и традицијата на селата во изумирање.

Струга
Авг 19, 2022
Засилени инспекциски контроли
Расте наплатата на туристичка такса во Струга, но сеуште има затајувачи и диви станоиздавачи. Лани општината инкасирала околу 3,5 милиони денари. Глобата за непочитување на обврската за правните лица се движи од 2.000 до 4.000 евра во денарска против-вредност, додека за физичките лица е пропишана казна од 600 евра.

Авантуризам
Авг 18, 2022
Активен туризам
Современиот турист денес бара подлабоки искуства и необични доживувања. Авантуризмот зема се поголем замав. Охридско-струшкиот регион има солидна понуда од типот веслање, параглајдинг, велосипедизам, планинарење, кајакарење, едрење, нуркање, јавање коњи и слично. Според експертите потребна е поголема промоција.

Пображење Вевчани
Авг 17, 2022
Народна култура
„Пображење“ покрај презентацијата и развој на народната играорна култура, дава придонес и за развој на научно – истражувачката дејност во нашата земја.

Струга
Авг 15, 2022
Инспекторите на терен
Бучавата и ова лето не ги поштеди стружани и бројните туристи. Гласна музика и врева до раните утрински часови го реметат мирот и сонот на сите. По бројните пријави полицијата и инспекторите на терен.

Бездомни кучиња
Авг 12, 2022
Голем број глутници низ градот
Огромен број бездомни кучиња сеат страв во струшко. На социјалните медиуми секојдневно се споделуваат видеа од агресивни кучиња кои бркаат автомобили, велосипеди и граѓани. Искуства од нападнати и повредени граѓани. Лавина реакции и коментари, институциите се глуви на овој горлив проблем.

Збунети компаси
Авг 10, 2022
Добитник на наградата браќа миладиновци
Зоран Анчевски е добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ за неговата поетска збирка „Збунети компаси“ во издание на „ИЛИ- ИЛИ“.