Питачењето сериозен проблем во општина Струга
Децата на улица во најголем процент се злоупотребуваат од сопствените родители или други блики за питачење а потекнуваат од семејства од социјално најранлива група на граѓани. Решавањето на проблемот со децата на улица и грубото кршење на нивните права, предизвик за институциите. Денес во Струга, во организација на Центарот на заедницата, поддржани од општината, се одржа панел дискусија на тема „Згрижување на деца од улица“.
ТАМПОНИРАНИ ПОВЕЌЕ ЛОКАЛНИ УЛИЦИ ВО ВРБЈАНИ И БРЕЖАНИ
Во Општина Дебрца во тек се градежни активности околу тампонирање на најоштетените и најнепристапни локални улици во селата Врбјани и Брежани.
Згрижување на деца од улица
Центарот на Заедницата на Општина Струга Ве поканува на панел дискусија на тема: Згрижување на деца од улица што ќе се одржи на 31 Март 2017 година (Петок) во 14:00 часот во Салата на Совет на општина Струга.
Стружанец заработи кривична за бесправно градење и узурпација на недвижност
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „бесправно градење“ и „узурпација на недвижност“ криминалистичката полиција Струга, поднесе кривична пријава против Ш.О. (52) од Струга.
Презентиран Регистарот на потенцијалите за развој на рурален туризам
Југозападниот плански регион е најзначајниот регион со најголем потенцијал за развој на туризмот во Р. Македонија. Денес во Струга беше промовиран Регистарот на потенцијалите за развој на руралниот туризам, кој според туристичките експерти претставува многу корисна алатка за развој на сите стратешки документи кои што можат да допринесат за развој на туризмот и сите негови форми.
Струга треба да биде повеќе транспарентна
Општина Струга треба повеќе да поработи на транспарентност на веб страната. Денес во ера на информациско комуникациски технологии веќе не е доволно граѓаните да се информираат на стариот начин, односно да дојдат до општината да бараат податоци. Општините имаат обврска податоците и информациите да им ги дадат на граѓаните на полесен и подостапен начин, преку објавување на општинската веб страница.
Порака Нова го одбележа Светскиот Ден на Дауновиот Синдром
Симболиката на датумот 21 март кога се одбележува Светскиот ден на лицата со Даунов Синдром не е случајна, таа е посветена на 21 хромозомски пар кој го предизвикува овој синдром. Порака Нова и годинава традиционално го одбележа овој ден и побараа поголема инклузија на овие лица во општеството.
„Порака Нова“ од Струга ќе го одбележи Светскиот ден на лицата со Даунов синдром
Центарот за лица со интелектуална попреченост „Порака нова” од Струга и годинава ќе го одбележи 21 март- Светскиот ден посветен на лицата со Даунов синдром.