Skip to main content
Мар 7, 2017

Градоначалникот на Општина Дебрца Игор Трајкоски во работна посета во село Волино каде што се одвиваат градежни активности околу Санацијата и реконструкцијата на фудбалското игралиште за голем фудбал.


Мар 6, 2017

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „одземање моторно возило“, полициската станица од Струга  поднесе  кривична пријава против Ќ.Р. (38) од струшкото село Радолишта.


Фев 24, 2017

Досега општините кои спаѓаат во Југозападниот плански регион, стравуваа и не сакаа во нивната општина да се гради регионална депонија. Денес кога се увидоа предностите од реализација на еден ваков проект секоја општина лобира кај нив да биде изградена регионалната депонија.


Фев 24, 2017

Општина Дебрца набави ново специјализирано комунално возило за собирање и транспорт на цврст комунален отпад. Се работи за набавка на специјализирано возило за собирање на комунален отпад со капацитет од 8 метри кубни.


Фев 23, 2017

Политикитите за рамномерен регионален развој последниве години не одат во добра насока. Тоа го говорат истражувањата направени од проектниот тим на Алијансата за регионален развој. Југозападниот плански регион, во распределбата на буџетските средства од програмата за рамномерен регионален развој во периодот 2013-2017 година доби половина од предвидениот процент.


Фев 22, 2017

Опаѓа бројот на запишани средношколци, а средното општинско училиште „Нико Нестор“ Струга се проширува. Директорот Никола Затуроски вели дека проширувањето било неопходно поради обезбедување достојни услови за сите ученици кои учат во нивнот школо, а стагнацијата на учениците се должи на проблемот со наталитетот.


Фев 21, 2017

Градоначалникот Игор Трајкоски беше во работна посета во селото Лешани каде интензивно се работи на санацијата на Културниот дом.


Фев 20, 2017

Млади во акција, успешно го затвори проектот за млади The afterlife of plastic dragons, со надеж дека после оваа младинска размена ќе бидат поотворени кон правење мали чекори во секојдневието до позелен поубав живот.