Skip to main content

Паричката во Општина Струга кај Александар Мацески

Со Василичарски доручек и барање на паричката, Општина Струга ја негува традицијата и заедништвото
 |  инфодеск  | 

Денес, во Општина Струга, традиционално беше одржан Василичарскиот доручек, во чии рамки се продолжи обичајот на барање на паричката – симбол на среќа, здравје и бериќет во новата година.

Најголем среќник оваа година беше Александар Мацески, на кого градоначалникот му упати искрени честитки и желби за успешна, среќна и бериќетна година.

-Василичарскиот доручек претставува важен дел од нашето културно наследство и традиција, кој придонесува кон негување на обичаите и меѓусебното почитување во мултиетничката заедница. Преку вакви настани ја зајакнуваме културната разновидност и заедништвото како темелни вредности на нашето општество, велат од Општина Струга.