општина вевчани
„Парите се отепувачка“ на Народен театар Охрид вечерва пред публиката на „Вевчанско Лето 2026“
Претставата започнува во 20 часот во Домот на култура во Вевчани.

Народен театар Охрид со претставата „Парите се отепувачка“ од Ристо Крле, во адаптација и режија на Андреј Цветановски, вечерва ќе настапи на годинашното издание на „Вевчанско Лето 2026“.
Во претставата играат актерите: Стрезо Стаматовски во улогата на Митре, Филип Кипровски е Анѓеле, Марија Новак е Мара, Адријана Билаловиќ- Тодороска е Ката, а Никола Тодороски ќе го игра Софре.
Претставата започнува во 20 часот во Домот на култура во Вевчани.
Инаку, преку богатата културно-уметничка програма на „Вевчанско лето 2026“ општината го прославува својот 30 јубилеј.








