Skip to main content

Партиски ограноци на Нова Демократија го напуштаат Селмани

Денеска своите партиски активности ги прекина и Блертон Положани од Струга, потпретседател на младите демократи на републичко ниво.

 |  Билјана Николовска  | 
Потпретседателот на младите Демократи од Струга Блертон Положани, денеска ги прекина своите ангажмани во Нова Демократија. Неговиот изговор за овој потег е дека, ги прифаќа изјавите на Ружди Матоши и Беким Фазлиу. Понатамошната определба, на која партиска опција ќе се приклучи сеуште не се знае, вели Положани.

Бившиот потпретседател на Нова Демократија Положани не сакаше да ги коментира причините зошто се решил на ваков чекор. Деновиве, сведоци сме дека повеќе партиски ограноци на Нова демократија го напуштаат Имер Селмани лидерот на оваа опција. Набргу се очекува да се знае причината за ваквата состојба во Нова Демократија.