Skip to main content

Патот до европските пари, скап и тежок

ИПА Програмата за прекугранична соработка го отвори вториот повик за доставување проекти. Интересот за аплицирање на охриѓани голем, но реагираат на условите кои се бараат за подготвување на проектите.  Во првиот повик кој беше скоро пред една година биле пријавени 60 апликации, но сеуште нема информации дали некој ќе биде прифатен, затоа што евалуацијата е во тек.

 |  Татјана Маленкова  | 
evro
евро

IPA programaПарите на Европа наменети за Македонија за прекугранична соработка кои можат да се извлечат преку ИПА фондовите, речиси не чепнати. Денес се одржа информативна сесија по повод вториот повик за доставување на проектни предлози по ИПА програмата за прекугранична соработка. Средбата која се одржа денеска беше од отворен тип и на неа присутните беа запознаени за начинот на подготвување на проектните предлози. Ова е втор повик на ИПА Програмата за прекугранична соработка, и тој се отвора  и покрај тоа што сеуште нема повратни информации по однос на првиот во кој аплицираа 60 апликанти кој беше спроведен пред скоро една година.

„Досега не се искористени средства затоа што процесот на евалуација е во тек, а за овој повик имаме 3 милиони и 252 илјади евра, за проекти кои ќе се имплементираат од двете страни. Активностите  покриваат три мерки. Прва економски развој со акцент ставен на туризам, втората заштита на животната средина со акцент за заштита и промоција на еко системи и третата мерка е социјална кохезија преку активности луѓе за луѓе, институции за институции.“-Гоце Толески – Раководител на заеднички технички секретаријат Струга.

На ова се надоврзува и Мате Матески од еколошкото друштво ЕНХАЛОН од Струга кој вели дека и на првиот повик имале проект за заштита на литоралниот дел на Охридското езеро, но за жал досега одговор по однос на таа апликација немаат. Тој уште додава дека за подготовка на ваков проект потребно се околку 200 евра, пари кои што се оптоварување за и онака малите буџети на невладините организации. Матески ги лоцира причините за неискористеност на европските пари:

„Не се искористени затоа што луѓето не се доволно информирани, а условите кои ги бараат се премногу тешки.“-Мате Матески – претседател на еколошко друштво ЕНХАЛОН

Не е проблем само непознавањето на процедурата и сложеноста на истата. „За да се аплицира на вториот повик на ИПА Програмата за прекугранична соработка, треба да се изнајде и вистински партнер од Албанија“, вели Ѓоко Апостоловски, од одделенито за економски развој при локалната самоуправа.
„Како локална самоуправа доста сме соработувале со Албанија. Доста се отворени за соработка. Доза на претпазливост треба да се има во однос на техничката подготовка.“-Ѓоко Апостоловски – Одделение за економски развој

Sredba

Од Локалната велат дека тим  од одделението за економски развој во моментов е во Словенија каде црпат искуства и се усовршуваат во изработувањето проекти со кои полесно ќе се добијат европските пари. Колку време уште ќе треба да помине за конечно раководството на ова одделение да се научи и да ги користи средствата од ИПА фондовите. Очигледно е дека ова раководство во изминативе пет години се покажа како добро теоретски потковано, но слабо им оди во пракса.
Додека Македонија сеуште учи како да ги земе европските пари, Словенија максимално ги има искористено средствата од ИПА фондовите. Тука некаде е и Хрватска која е се поблиску до исполнување на европските стандарди, а еден од нив е и искористувањето на средствата од овие фондови.
Инаку денешната средба со потенцијаните апликанти е прва од најавените 7  информативни сесии , кои ќе бидат организирани во периодот мај – јуни. И во соседна Албанија се подготвуваат за меѓугранична соработка. Во Елбасан и  Корча минатата недела биле организирани две  вакви сесии.
{loadposition content9}