Skip to main content

Пеце Наумоски, спортист јуниор на Австралија

Охриѓанецот Пеце Наумоски, е јуниорска спортска ѕвезда на годината во Австралија. Ова е награда за тешките тренинзи, потта и неговиот талент, а најмногу за стрпливоста и вербата во себе.

 |  Крсте Голабоски  | 
Pece Naumoski
Пеце НАУМОСКИ
Pece NaUmoskiОхриѓанецот Пеце Наумоски, е јуниорска спортска ѕвезда на годината во Австралија. Ова е награда за тешките тренинзи, потта и неговиот талент, а најмногу за стрпливоста и вербата во себе.

Охридскиот карате-кид, јуниорски сопртист на годината на Австралија. После три номинации за ова престижно спортско признание, конечно следи награда за неговите спортски достигнувања. Од низата успеси Пеце Наумоски може да се пофали со успесите светски шампион во Бирмингем во 2007 година и признанието, трикратен првак на Австралија. Минатата година беше од исклучителна важност за Пеце, бидејќи го доби црниот појас и освои златен медал на Националното првенство во Мелбурн. Мора да се напомене и неговото учество на Европското јуниорско првенство во Германија. Пеце останува скромен и ветува дека ќе продолжи со успесите.

Тренира карате од својата осма година и само за за период од четири години резултатите се неверојатни.. На првенството кое се одржа 2006та во Австралија, тој ја освои првата награда за областа Викторија и со самото тоа се квалификува за светското во Бирмингем, Англија во 2007та год. Токму таму, Пеце ја освои светската титула во силна конкуренција од 65 натпреварувачи, на возраст од 10 до 12 год. Пеце не само што е извонреден каратист тој е и одличен ученик. Најмногу сака да чита книги, а омилени предмети му се математиката и хемијата. Негова голема желба, е да почне да ги пренесува своето знаење и вештините од каратето на помладите, пишуваат австралиските весници. Тој размислува еден ден да отвори и сопствен карате клуб.
{loadposition content}