Две Перуанки приведени на Ќафасан, пронајдена марихуана во нивниот багаж
Од полицијата информираат дека по целосното документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 27 октомври 2026 година, на граничниот премин Ќафасан, на влез во државата, полициски службеници лишиле од слобода две државјанки на Перу, на возраст од 27 и 26 години.
При преглед на комбе во кое патувале, во багажот на 27-годишната жена биле пронајдени две пакувања со марихуана, додека во багажот на 26-годишната жена било пронајдено едно пакување со марихуана.
Двете жени биле спроведени и задржани во Полициската станица Струга.
Од полицијата информираат дека по целосното документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.




