Skip to main content

Планинска вело тура Вевчанска голина – локва

Турата ќе се одржи на 7.7.2024 година. Пријавувањето е во тек , а учеството е бесплатно и секој учесник ги превземам самиот сите ризици што можат да настанат во текот на возењето и се обврзува да ги почитува правилата поставени од организаторите.
 |  инфодеск  | 

Еко-свест Вевчани и Рупикапра МТБ Струга со задоволство ве покануваат на Велосипедски настан “Планинска вело тура Вевчанска голина – локва”

Турата ќе се одржи на 7.7.2024 година, со почеток од Вевчани во 9:00 часот.

Целта на оваа вело тура е да ги промовира убавините на планината Јабланица и Споменикот на Природа Вевчански Извори, како и можностите за развивање на велосипедскиот туризам на ова подрачје.

ОПИС НА ПАТЕКАТА:
Турата започнува од Центарот на Вевчани со крајна цел Вевчанска Голина (локва).

Патеката од Центарот на Вевчани продолжува по следниот редослед Вевчански Извори – Есејнца – Смолејца – Јанков Камен – Манастир Св. Климент – Горна Белица – Вевчанска Голина (Видиковец) | па назад кон Вевчани преку Средни рид.

Патеката е со должина од 30км и елевација од 1100м. Секој учесник на велосипедскиот настан треба да е физички спремен, турата може да се карактериза како 8/10.

*Опционално: Секој учесник по желба може да се приклучи на кратко планинарење од 30мин од Видиковецот на Вевчанска голина до Вевчанска Локва и да ужива во капење во бисерот на Јабланица, глацијалното езеро Вевчанска Локва.

ПРИЈАВУВАЊЕ:
Сите заинтересирани кои сакаат да учествуваат задолжително да се регистрираат со пополнување на формуларот, со скенирање на QR кодот или на следниот линк: https://forms.gle/AnbiD3kmFrD9m7cPA

За сите пријавени учесници следуваат промо материјали, ручек и освежување.
Учеството на настанот е бесплатно!

*Учеството на турата е сволеволно и секој учесник ги превземам самиот сите ризици што можат да настанат во текот на возењето и се обврзува да ги почитува правилата поставени од организаторите.

Како активности пред турата, Еко-свест и Рупикапра МТБ заедно ќе организираат низа различни активности како акции за чистење на отпад, расчистување на патеки, поставување на патокази и сл.

Вело турата е поддржана како дел од проектот “Поддршка на одржливо управување со Споменикот на природа Вевчански Извори ” финансиран од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT.