Skip to main content

Плажите во Струга во вистински раце

Струшките плажи се добиени во ферплеј. Ова е ставот на градоначалникот на општина Струга Рамиз Мерко, после вчерашната објава на идните концесионери на овие плажи.

 |  Билјана Николовска  | 
Plaza
Плажа Струга
PlazaТВМ вчера, веднаш после состанокот на комисијата за јавно наддавање во која беа вклучени Министерството за транспорт и врски, Министерството за економија и општина Струга ги објави идните 7 концесионери на струшките плажи.  
Денес на оваа тема својот став го изнесе и градоначалникот на општина Струга Рамиз Мерко. Имено, Мерко вели дека јавното наддавање поминало транспарентно што според него е во интерес на доброто за Струга. Тој рече дека очекува да се откаже само концесионерот на „Женска плажа“, Мерсим Селими, бидејќи за таа плажа била достигната најголема сума по метар квадратен.
Урдувањето на плажите е голема и дополнителна инвестиција за идните концесионери, рече Мерко. Тој додаде дека сите заинтересирани кандидати имале подеднакви права, а неколку плажи се доделиле и со спогодбен договор.
Плажите во Струга паднаа во вистински раце смета Мерко.
Како што ТВМ вчера објави идни концесионери на струшките плажи се: Сопственикот на „Аквариус“ од Струга ја доби плажата пред својот угостителски објект. Со плажата пред ресторанот „Конак“ ќе стопанисува Ардијан Османи. Машка плажа која што исто е многу ценета од стружани ја доби фирмата „Бето компани“, додека пак Ертан Бојку ќе концесионира со плажата пред универзитетот ФОН. Своја плажа доби и фирмата АВЕЛ сопственик на бившата фабрика „Стружанка“. Со плажата пред хотел „Галеб“ ќе концесионира хотел „Дрим“.
{loadposition content9}