Skip to main content

По пет часа донесени 4 заклучоци за смирување на тензиите во струшко

За само четири заклучоци беа потребни пет долги часа расправа и дискусија зад затворена врата  да се донесат заклучоци со кои треба да се смири соживотот во Струга, Вевчани и околината по тензичните  настани од пред две недели.

 |  Валентина Нелоска  | 
sostanok
sostanok

За само четири заклучоци беа потребни пет долги часа расправа и дискусија зад затворена врата  да се донесат заклучоци со кои треба да се смири соживотот во Струга, Вевчани и околината по тензичните  настани од пред две недели.

sostanok

На состанокот присутвуваа струшкиот градоначалник Рамиз Мерко , вевчанскиот Перо Илиески, преставници на карневалскиот одбор од Вевчани, двата Локални совети за првенција од Струга и Вевчани, преставници на СВР  и на верските заедници , како и преставници од невладиниот сектор. По завршувањето на состанокот , вевчанскиот грдаоначалник изрази задоволство од заедничката  средба и ги соопшти заклучоците.Беа усвоени заклучоци во иднина да се делува превентивно за враќање на меѓусебната доверба и соживот преку разговори и соработка со сите релевантни заедници. Беше изразено жалење за сите настани од карневалот во Вевчани, протестите и напдот на верските објекти. Се зеде обврска во иднина во Вевчани да се посвети поголемо внимание во креирањето на карневалските маски за да нема  повреда на ничии верски чувства,  и беше закажана повторна средба по еден месец.
Струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, исто така, истакна задоволство од средбата и дискусијата на сите претставници кои придонесоа за надминување на настаните и поголема верска толеранција и соживот во Струга.
„ Сите сме на исти став да не се случуваат во иднина слични немили настани меѓусебно  да соработуваме со сите институции , поединци, верски институции , невладини организации и месни заедници“, рече Мерко.
Двајцата градоначалници  изразија жалење за настаните , но не попуштија и не се извинија за маските кои предизвикаа повреда на чувствата кај припадниците на муслиманската вероисповед, за протестите и за палењето на верскиот објект.  

{loadposition content9}