По трет пат одново судски процес за родилката од Дебар
По трет пат, со нов судија и обвинител, во струшкиот суд, одново започна судскиот процес за родилката од Дебар, Јилдаз Веапоска на која во август во 2020 година при породување во струшката болница и беа извадени три органи, матка бубрег и јајник.
На главната расправа, тројцата лекари гинеколози, обвинети за тешки дела против здравјето на луѓето повторно кажаа дека не се чувствуваат виновни.
А оштетената по трет пат раскажа за голготата, вели иако одминува времето, таа не се откажува од правдата
„По трет пат давање исказ и враќање на тоа што ми се случи и тие денови минати во таа кобна болница во Струга мислам дека ми го скрати животот и мислам дека се повеќе и повеќе сум изнемоштена од овие настани место да има правда и казна која ја заслужуваат се доведувам јас да повторувам се што имам поминато“, вели Јилдаз Веапоска оштетена.
Веапоска кажа дека имала добра здравствена состојба пред породувањето и претходно немала никакви здравствени проблеми, состојбата и се влошила после породувањето. Но, одбраната и оштетената имаат дијаметрално спротивни вештачења.
„Главното прашање е кој како и зошто ги извадил органите. Што е битно дали била или не во кома, битно е имала органи во себе а псоле царскиот рез немала органи, а никаде не постои никаква историја за било каков проблем патолошки или физиопатолошки наод„ – вели Сашо јанев адвокат на оштетената.
Според обвинението тројцата лекари Мухамед Асани, неговиот син Блертон и докторката Лилјана Јованоска. при укажување лекарска помош примениле неподобно средство и начин на лекување, со што предизвикале влошување на здравствена состојба на родилката. Следното судско рочиште е закажано за .26 февруари идната година.
Новинар Соња Рилковска