Skip to main content

По трет пат одново судски процес за родилката од Дебар

Со нов судија и обвинител, по трет пат одново започна судскиот процес за родилката од Дебар, која при породување во струшката болница остана без три органи. Обвинетите лекари гинеколози повторно се изјаснаа за невини, а оштетената по трет пат ја раскажа голготата низ која минала.
 |  инфодеск  | 

По трет пат, со нов судија и обвинител, во струшкиот суд, одново започна судскиот процес за родилката од Дебар, Јилдаз Веапоска на  која во август во  2020 година при породување во струшката болница и беа извадени три органи, матка бубрег и јајник.

На главната расправа, тројцата лекари гинеколози, обвинети за тешки дела против здравјето на луѓето повторно кажаа дека не се чувствуваат  виновни.

А оштетената по трет пат раскажа  за голготата, вели иако одминува времето, таа не се откажува од правдата

„По трет пат давање исказ и враќање на тоа што ми се случи и тие денови минати во таа кобна болница во Струга мислам дека ми го скрати животот и мислам дека се повеќе и повеќе сум изнемоштена од овие настани место да има правда и казна која ја заслужуваат се доведувам јас да повторувам се што имам поминато“,  вели Јилдаз Веапоска оштетена.

Веапоска кажа дека имала добра здравствена состојба пред породувањето и претходно немала никакви здравствени проблеми, состојбата и се влошила после породувањето. Но, одбраната и оштетената  имаат дијаметрално спротивни вештачења.

„Главното прашање е кој како и зошто ги извадил органите. Што е битно дали била или не во кома, битно е имала органи во себе а псоле царскиот рез немала органи, а никаде не постои никаква историја за било каков проблем патолошки или физиопатолошки наод„ – вели Сашо јанев адвокат на оштетената.

Според обвинението тројцата лекари Мухамед Асани, неговиот син Блертон и докторката Лилјана Јованоска.  при укажување лекарска помош примениле неподобно средство и начин на лекување, со што предизвикале влошување на здравствена состојба на родилката. Следното судско рочиште е закажано за .26  февруари идната година.

Новинар Соња Рилковска