Skip to main content

По уривањето на спомен куќата на Владо Малески во срцето на Струга, инспециските служби го затворија градилиштето 

Вешти лица и инспектори од Управата за заштита ќе ги утврдуваат штетите врз вредното заштитено културно наследство.
 |  инфодеск  | 

Откако при изведување градежни работи, вчера беше срушена Сарата струшка куќа,  инспекциите го затворија градилиштето. При уривање на  соседен објект, инвеститорот направил оштетување на темелот при што се урна источен калкански ѕид и кровот на Спомен куќата на Владо Малески, во срцето на Струга. Вешти лица и инспектори од Управата за заштита ќе ги утврдуваат штетите врз вредното  заштитено културно наследство.

Претходно, заради изградба на тој приватен објект, побарани се и одобрени се заштитно-конзерваторски услови од Управата за защита на културно наследство. Во кои се наведени мерки на заштита, што треба, што не треба да се прави во новиот објект. Таму постоеше објект, потребно беше според условите да се отстрани и да се изгради нов објект со исти карактеристики на Староградска Струшка Куќа, вели Горан Патчев директор на Завод и музеј.

Оштетувања има и врз галеријата на Коџоман, која е лепенка и постои опасност да биде срушена. Надлежните издадоа решение  итно да се заштитат вредните слики. Соседите вознемирени бараат итна реакција за да се спречат  штети и врз околните куќи.

-Не е во ред да остани  така долго  време, затоа замолувам, барем  моја страна, ако нешто се прекинит работава, овој дел да се намеси нешто, да немаме од штета, друга штета. вели Фатос Бајрами – сосед.

Мерки секако дека треба да се превземат и дека одговорност мора да има. Меѓутоа, тоа им го оставаме на институциите и на некои што се надлежни да ги водат овие процеси, вели Никола Кукунешоски директор на Струшки вечери на поезијата.

Од Старата струшка куќа ремек дело на автентичната архитектура од 19ти век, нема спомен, низ рушевините наѕираат стршуките носии и етнолошката псотавка.

Министерството за култура остро реагира на секое неодговорно и несовесно постапување што доведува до оштетување на заштитени објекти и апелира до сите инвеститори и граѓани да се придржуваат кон законските процедури, стои во реакцијата од министерството.

Новинар Соња Рилковска