Skip to main content

Почна рушењето на објектите на струшките плажи

Се чистат струшките плажи од времени угостителски објекти. Концесионерите револтирани, велат дека правдата ќе ја бараат на суд, бидејќи сметаат дека струшкиот градоначалник со издавање на решение за рушење не постапува согласно важечките закони во РМ. Градоначалникот Зијади  Села категоричен дека по истекот на концесијата  плажите во Струга ќе бидат чисти и слободни за посетители.

 |  Николоска Биљана  | 

Почна рушењето на времените угостителски објекти на струшката ревиера. Вчера па и денес на една од плажите издадени под концесија на влезот во градот по стариот патен правец Струга – Охрид, почна демонтирање на објектите. Концесионерот Агим Алиу револтиран е на струшкиот градоначалник Зијадин Села, дека тоа се прави во екот на туристичката сезона, кога на плажата врие од посетители.

„Иако ние имаме уверение за користење односно за вршење угостителски услуги кои не се почитувани од страна на актуелниот градоначалник и неговите инспекциски служби, не би сакал ова да се случи во ова време, односно сакам да се почитуваат законите кои се валидни“ – вели Алиу.

Алиу вели дека не им останува ништо друго освен правдата да ја бараат на суд, бидејќи од претходниот градоначалник имал решение за користење на парцелата за туристички услуги бидејќи е во постапка за легализација .

„Ние немаме друг избор освен да ја чекаме одлуката од Советот, на РМ и ќе поднесеме уште една тужба против градоначалникот за незаконито рушење на нашите објекти. Јас сум сигурен дека тој не може вака да продолжи да руши и на вака брутален начин не е човечко, хумано, ниту смее бидејќи тој е градоначалник на оваа општина каде што граѓаните треба да ги реализираат нивните потреби од локален карактер, а не да руши незаконито, дури да ја злоупотребува и полицијата која треба да го чува народот а не да руши“– изјави Алиу.

Како што е познато првиот човек на општина Струга Зијадин Села уште во март најави дека плажите во Струга ќе бидат чисти и слободни за посетители. Тој и денес останува на својот став, односно во телефонска изјава за ТВМ, Села категоричен, дека ќе го исполни она што го ветил пред граѓаните. Чекал само да завршат времените мерки кои судот во Струга ги донел уште во месец април, а со кои се забранува уривање на плажите во градот од страна на локалните власти.

{loadposition content9}