Почнаа Струшките вечери на поезијата
Од денес па се до 28ми август во градот на поезијата, ќе се одржуваат познатите Струшки вечери на поезијата. Оваа манифестација има 56 години традиција. Годинешново издание ќе биде во знакот на презентација на творештво на Чарлс Симиќ добитникот на „Златниот венец“, кој важи за еден од најзначајните современи американски и светски поети и есеисти.
Денес во Струга со садење дрво и поетско читање на „Тга за југ “во чест на добитникот на „Златниот венец“, Чарлс Симиќ, почна фестивалот Струшки вечери на поезијата. На годинешново 56 то фестивалско издание ќе биде презентирано творештвото на Симиќ кој важи за еден од најзначајните современи американски и светски поети и есеисти истакна директорот на СВП Мите Стефоски.
„Се работи за една исклучителна творечка појава која не само во и американската туку и во светската поезија од поодамна е познат и на нашиите простори и многу преведуван. Тој потекнува од Србија и неговата улога да биде мост меѓу балканските литератури и англискиот јазик и воопшто преку преводот на сите оние значајни творци од екс југословенските простори. Направил и извонредни преводи на многумина македонски поети
Престижната поетска награда „Златен венец“, за добитникот Чарлс Симиќ претставува исклучително признание. Тој неговите емоции околу целиот настан ги пренесе искажувајќи ги своите чувства за предностите кои ги има поетска Струга.
„Ова е мое трето доаѓање во Македонија, бев во 1972 година, тука бев присутен една недела, повторно се вратив во 1982 година повторно, поминав одреден период во Скопје и сега повторно сум тука и секогаш ми е возвишено чуството кога сум присутен во Македонија вклучувајќи ја и оваа посета …на луѓето им кажав дека вие сте многу гостопримлив народ и секоја средба ми е пријатна и сакам да разговарам за сето тоа што го доживувам кога шетам кога ја вкусувам вашата прекрасна храна , навистина сум среќен што сум тука“
Чарлс Симиќ со семејството се преселил во САД во 1953 година. Поезија почнал да пишува во средно училиште, а на неговите поетски почетоци влијаеле американските поети Волт Витман, Емили Дикинсон, Волас Стивенс. Неговата прва стихозбирка „Што вели тревата“ издадена во 1967 била одлично примена од критиката.
Свеченото отворање на Струшките вечери на поезијата е вечерва во 20:30 часот на платото пред Домот на поезијата со меѓународното поетско читање „Поетски меридијани“.