Почнува ракометната еуфорија во Струга
Стружани и бројните туристи од вечерва ќе се преселат на ракометното игралиште на „Женска плажа“. Почнува големата спортска манифестација, Меѓународниот турнир во ракомет „Струга 2014“.
Ракометна еуфорија од вечерва во Струга. Започнува Меѓународниот ракометен турнир „Струга 2014“ на отвореното ракометно игралиште на „Женска плажа.“ Турнирот ќе почне со ревијален натпревар меѓу домаќинот РК Струга и екипата на Металург – јуниор, по што следува свеченото отворање. Претседателот на организациониот одбор на турнирот Лилјана Затуроска, на ракометните репрезентативци им посака добар престој во Струга и успешни натпревари.
„Со оглед на тоа дека учествувааат реномирани екипи на овој меѓународен ракометен турнир со тоа покажуваме дека овој традиционален струшки ракометен турнир прераснува во една спортска манифестација со исклучително реноме не само за РМ туку и пошироко и со тоа само покажува дека градот Струга може да се носи со еден ваков спортски настан, промовирајќи го како спортски град, како туристичка дестинација која што може да понуди добри услови за развој на туризмот“. – вели Затуроска.
Дел од тренерите на екипите кои ќе учествуваат на турнирот изјавија дека им причинува големо задоволство што се дел од еден голем настан, некои од нив добро го препознаваат ракометното тло во Струга бидејќи играле на него.
„Дојдовме овде за прв пат и слушнавме од нашите скромни пријатели дека ова е добар турнир со многу добри екипи кои доаѓаат секоја година па кога ја добивме можноста да дојдеме тука ни беше навистина мило. мислам дека нивото на турнирот е навистина високо“ – вели тренерот на Сан Петрезбург Сергеј Зиза.
„Се заблагодарувам пред се на организаторот и на претседателот Сашо, што препознаа дека ние сме едни од првите учесници на овој турнир и сега имаме задоволство да учествуваме на еден гоелм турнир каде што имаме реномирани екипи. Сметам дека заслуживме од претходните години и се ќе дадеме од себе да ја ооправдаме довербата на организаторот – истакна Славко Новаковиќ тренерот на Металопластика
Драган Марковиќ тренер от на Азоти Пулави вели: „Драго ми е што дојдов со мојот нов тим кој го зедов пред еден месец Азоти Пулави и како тренер да учествувам тука ја имав таа среќа да бидам на овој турнир како играч и многу сум горд што повторно сум тука на овој голем турнир .
А тренерот на Кретај Франција Павони Бенџаминнагласи дека се наоѓаат во етапа во создавање на една екипа кој би се такмичела на едно високо ниво и ќе се обидеат да го искористат овој турнир на нивните играчи да им наметнеат осететот за еден голем врвен ракомет.
Струшката ракометната звезда Наумче Мојсоски, вели дома си е дома и за него свето е да игра на овој турнир. Тој како и секогаш скромен во своите коментари вели, „резултатот ни е во втор план но кога играш сакаш да победиш и барем да стигнеме до финале“. „Ние како екипа како Металург оваа година сме бранители на трофејот, секако истата цел ни е зацртана и нас, одиме да го одбраниме трофејот, но знаеме дека моментално се подготовки, тешки се играчите и секако приоритет ќе ни биде уигравање на екипата имаме доста нови играчи и се надевам дека тоа нашиот тренер ќе го постигне да види со какви сили располагаме“, додава Мојсоски.
Во својата земја добро се чуствува и врвниот голман Борко Ристевски. Тој на овој меѓународен турнир ќе го брани голот на Кретај Франција
„Нашата цел во овој момент е да одиме чекор понапред во уигрување на екипата, да тие млади играчи кои ги има доста во нашата екипа да добијат едно искуство кое ќе им значи натпреварувајќи се против екипи како што се Вардар, Металург и другите сите кои настапуваат на овој турнир“ – вели Ристовски.
Ракометарите на 7 те европски екипи престојуваат во хотел Дрим, Струга. Менаџерот Крис Блажески вели дека задоволство е да ги угостуваш спортските репрезентативци.
„Хотелот е полн 100% ги поддржуваме овие настани, што се можам да кажам втор најголем настан после Струшките вечери на поезијата но секако прв во областа на спортот“ – рече Блажески.
Стружани подгответе се, овие три дена ве чекаат трибините на отвореното ракометно игралиште на „Женска плажа“ и секако квалитетни натпревари на европските екипи кои ќе ги одмерат силите во ракомет.
{loadposition content9}