По подметнатиот пожар на депонијата, Општина Струга со засилени безбедносни мерки и 24-часовен надвор

Од Општина Струга информираат дека вчеравечер неодговорни лица ја запалиле депонијата во Струга, создавајќи сериозна ситуација што го загрозува здравјето и безбедноста на сите граѓани.
–Благодарение на брзата реакција на општинските служби и надлежните институции, пожарот беше локализиран и изгаснат навреме, со што беа спречени уште потешки последици. Веднаш на местото на настанот излегоа и припадници на Полицијата, како и надлежните инспектори, кои отворија постапка за идентификување и изведување пред лицето на правдата на сторителите, стои во соопштението од општината.
Од таму додаваат дека првичните сомнежи и трагите пронајдени на местото на настанот јасно укажуваат на намерно предизвикан пожар и дека на теренот се забележани траги од бензин. Општната веќе започнала со спроведување дополнителни безбедносни мерки на депонијата за да се спречат слични случаи во иднина и ќе продолжи со соработка со Министерството за внатрешни работи и останатите надлежни институции за целосно расветлување на случајот, додавајќи и дека депонијата веќе е под 24-часовен надзор.
Од Општината исто така ги повикуваат сите граѓани, доколку располагаат со информации што можат да помогнат во идентификувањето на сторителите, истите да ги споделат со надлежните органи.







