Skip to main content

Планински цвет

Подобри услови во детската градинка во Вевчани

Обезбедени се средства за реализација на Комплетна реконструкција на кујната во детската градинка ЈОУДДГ „Планински цвет“, информира Кочоски.
 |  инфодеск  | 
Детска градинка Вевчани

Во текот на изминатава година, а со цел подобрување на условите за престој и воспитување на децата во предучилишната установа преземени се повеќе активности:

Набавка на нови дрвени дидактички играчки; Набавен нов мебел за децата (маси, столови, кревети, постелнини; Реконструиран подот со нови керамички плочки (донација); Набавени се и други дидактички средства и опрема; Изработен е проект за намалување на CO2 во детската градинка ЈОУДДГ „ПЛАНИНСКИ ЦВЕТ“ Вевчани преку замена на котелот на фосилно гориво со нови еколошки топлотни пумпи.

Во соработка со Центарот за развој на Југозападниот плански регион како дел од активностите на Програмата за рамномерен регионален развој за 2022 година со индикативно планирани средства за 2023 година, обезбедени се средства за реализација на следниов проект: Комплетна реконструкција на кујната во детската градинка ЈОУДДГ „Планински цвет“ Вевчани, информира градоначалникот Спасе Кочоски.