Погубен нацрт план
Донесувањето на Деталниот урбанистички план за измена на струшкото крајбрежје е погубен проект за градот, обвинуваат од ОК на ВМРО – ДПМНЕ, Струга.
Напната атмосфера во Струга. Причина, носењето на нацрт урбанистичкиот план од страна на Советот на општината, за измена на струшкото крајбрежје. Новиот координатор на ОК на ВМРО – ДПМНЕ, Перо Петкоски ја отпочна својата прва задача и во име на партијата ја побара поддршката на сите стружани, во одбрана на граѓанските интереси. „Силно го осудуваме актот за уништување и разнебитување на струшкото крајбрежје, осмислен од страна на општинската администрација, поддржан од советниците на СДСМ“, рече Петкоски.
„ОК на ВМРО- ДПМНЕ Струга заедно со граѓаните на Струга ќе се спротистави на овој погубен проект, ќе се спротистави ма рушењето на спортските објекти, на уништувањето на еко системот на Охридскот езеро, на уништувањето на автентичниот природен изглед на крајбрежјето, ќе се спротистави на носењето на планови кои се за задоволување на интересите на мала група луѓе. Во периодот кој следи ќе ги преземеме сите институционални мерки, ќе поднесеме забелешки и преставки до надлежните институции со цел за соодветна реакција и стопирање на овој штетен проект“.
На оваа тема денес на прес излезе и градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко. Тој рече дека МТВ во десеттина наврати побарало од локалната да изготви ДУП за крајбрежниот појас на струшкиот дел од Охридското Езеро, со цел да се среди состојбата со времените објекти на тој дел. Мерко призна дека почетно во план било во дуп-от да се зацрта местополжба на објекти на 30 метри од брегот односно од највиоката кота на езерото која ја одредува Хидробиолошкиот завод. Но тоа се изјаловило откако добиле негативно мислење од МЖСПП според кое не смее да се гради во појас од 50 метри од крајбрежјето. Со тоа всушност се намалува просторот за додавање објекти кои, според Мерко, се интересни за градот, бизнисот и туризмот.
Мерко порача од ова да не се прави политика, да не се креваат тензии и никој да не биде осуден за поддршка на еден ваков план кој е од интерес на општината.
„Ова е само еден нацрт план, затоа сакавме на граѓаните да им укажеме дека не треба да се вознемират како и хотелиерите и спортистите. Овој не е конечен ДУП за него ќе следи анкета каде граѓаните ќе можат да дадат примедби и може истиот да се преиначи“
Но на јавноста очигледно и е јасно дека во случајов не може и волокот да биде сит и овците на број. Стружани стравуваат дека за да никнат нови објекти кои според Мерко се интересни за бизнисот и туризмот сигурно дека ќе ги снема постоечките содржини како што се спортските терени, пешачката патека и извидничкиот центар.
{loadposition content9}