Skip to main content

Во струшките градинки не работат групите со јасли, родителите излегоа на протест

Стружанката Беса Шеи оди на работа со своите деца. Во слична состојба е и Дрита Бајрами, мајка на 4 деца. Нема кој да и ги згрижи двете деца редовно запишани во градинка. Иста судбина делат десетици родители, кои денес протестираа пред општина Струга. Поради недостиг на персонал во струшките градинки не работат групите со јасли, а децата се згрижуваат само до пладне.
 |  инфодеск  | 

Стружанката Беса Шеи, од почетокот на септември на работа оди со своите деца. Во детсските градинки во струшко, нема персонал , не работат групите со јасли, а повозрасните деца се згрижуваат само до пладне. Беса нема каде да ги остави, па од пладне ги носи со себе во канцеларија. Во слична состојба е и Дрита Бајрами, која е мајка на четири деца, од кои две тримесечни близначиња. Двете деца на возраст од 5 и 3 години од пладне нема кој да и ги згрижи.

-,Децата нема кој да ни ги чува дома, на работа сме и јас и сопругот имаме голем проблем. Едното е три години другото пет в градинка нема кој да ги чува до 11 30 најдоцна 12 часот треба да ги земеме.Одам ги земам на работа, со три деца седам на работа тоа е тешко“ вели Беса Шеи родител на три деца.

-Немаме доволно негователки и воспитувачки немаат договори не им се продолжени. Тешко е сама сум роднини немам, старите ми се починати. Сама се справувам некако се снаоѓам големите одат во градинка, но сега имаме проблем со негователките. Се надевам што побрзо да се реши овој проблем, Дрита Бајрами Костојчиноска родител на четири деца.

Истата судбина ја делат десетици родители од струшко, кои денес протестираа пред општина Струга. Од јуни во градинките не им се продолжени договорите на 20 тината времено вработени, кои пак протестираа во јануари за решавање на нивниот статус. Но и по девет месеци проблемот не им е решен.

-Тие направија поголема работа од сите функционери во оваа држава, тие тоа го праве од љубов ти се нашите херои . Заслужуваат да се реи нивниот статус а со тоа ќе се реши и нашиот проблем, вели Јованчо Мацески родител.

-Апелираме институциите што побрзо да го решат проблемот за да не се преземат дополнителни мерки. Мораме да си ги земаме децата во 12 часот а не сме во можност ние не мижеме да одиме на работа“ вели Лилјана Тасеска родител.

Градоначалникот Рамис Мерко вината ја префрли во министерството за труд и социјална политика.

-На директорката му помина мандатот побаравме друго лице да прифати за директор, не прифаќа никој, а со тоа се создаде овој хаос. Денеска наредив нов конкурс ако не рпифаќаат од внатре за директор ќе прифати може човек од надвор да биде директор на градинките“, рече Мерко.

Инаку во струшките градинки дневно се згрижуваат над 500 деца, а општина Струга со одлука на совет од септември ја зголеми цената за престој од 1500 на 2000 денари.

Новинар Соња Рилковска