Порибување на езерото со подмладок на јагула
Оваа акција е поддржана и од институтот за сточарство, одделение за рибарство. Директорот на овој институт Др. Васил Костов, рече дека благодарение на 30 годишниот тренд на порибување на езерото со подмладок на јагули овој вид сеуште го имаме, во спротивно јагулата би исчезнала.
Регуларноста на акцијата на порибување на Охридското езеро со јагула, ја следат и од Државниот инспекторат за земјоделие. Директорот Румен Стаменов, рече дека оваа акција ја следат пред се од аспект на законска надлежност. Тој додаде дека благодарение на одговорноста на компанијата која го спроведува порибувањето, езерото успева да ја зачува биоценозата на езерото.
Во моментов забранет е уловот на јагулата. Од државниот инспекторат немаат сознанија дека јагулата се лови на црно, а доколку е така тие како инспекторат би интервенирале. Од таму велат дека рибочуварската служба има за цел да го заштити рибниот капацитет на езерото и работат на тоа, но исто така факт е дека никогаш нема идеална заштита. За сите би било добро рибните ресурси да ги зачуваме колку што е можно подобро, додаваат од државниот инспекторат.