Skip to main content

Богојавление водици

После неколку обиди, оваа година среќна за Јован Рафтоски

Јован Рафтоски го фати светиот крст во Струга. После неколку обиди, оваа година среќна за Рафтоски. Голем број верници традиционално и во соседна Струга го одбележаа големиот христијански празник Богојавление, Водици.
 |  инфодеск  | 
Јован Рафтоски

Православните христијани во Струга го одбележаа големиот христијански празник Богојавление – Водици. После богослужбата во црквата „Свети Ѓорѓи“, светиот крст беше спуштен во водите на реката Дрим околу 11 часот. Оваа година, после неколку обиди, најсреќен 32 годишниот стружанец Јован Рафтоски. За Рафтоски не бил голем предизвикот и покрај силниот ветар да го извади крстот од матните води на Црн Дрим, но верува дека неговиот годинешен подвиг ќе му донесе среќа.

Скокам 5-6 години, прв пат го фаќам оваа година, 2023-та. Сакам да им го честитам на сите овој празник, Бог се јави. Па не беше тешко, јас сум искусен нуркач и пливач – изјави Рафтоски.

Струга Водици

И годинава, среќниот фаќач на светиот крст беше даруван со пригодни подароци од годинешниот кум на манифестацијата, од градоначалникот Рамиз Мерко и од спонзорите на манифестацијата.

Инаку, оваа година кум на манифестацијата беше Марјан Ќушкоски, а догодина, кумството оди кај Бошко Пуроски.

Струга Водици

Чествувањата на овој голем празник во Струга продолжуваат, а Јован за себе вели дека е голем верник, денес со светиот крст ќе ги посети домовите на стружани.

Струга Водици