Skip to main content

Обезбедени 400 илјади евра

Потпишан договор за реконструкција на Специјалната болница за нефрологија во Струга

Со 400 илјади евра ќе се реконструира Специјалната болница за нефрологија во Струга. Ќе се менуваат подовите, модернизираат операционите сали и комплетно ќе се реновира одделот за Холидеј дијализа. Со сите овие зафати се исполнуваат условите за развој на здравствен туризам. Проектот е на владата поддржан од Швајцарската амбасада.
 |  инфодеск  | 
Нефрологија Струга

Ќе се реконструира Специјалната болница за нефрологија во Струга. За прв пат ќе има поголеми инвестиции за подобрување на условите. Со 24 милиони денари ќе се менуваат подовите, модернизираат операционите сали, дограмата и комплетно ќе се реновира одделот за Холидеј дијализа.

Според проектот болницата ќе добие и фотоволтаици и централно снабдување со кислород.

Еден објект со високо реноме во минатото заради годините и дотраеноста во некој домен дотрошен за да го одржиме тоа реноме и квалитетот на здравствените услуги кои овде се пружаат да овозможиме логистички услови за да продолжат – изјави министерот за локална самоуправа.

Нефрологија Струга

И понатаму со идни проекти кои што ќе донесат добро за граѓаните, за развој на здравствен туризам, холидеј ин дијализа, за подобрување на условите, а пациентите што се кај нас на дијализа – додава д-р Попоски.

Нефрологија Струга

Објектот е изграден во 1984, а изминативе 4 децении немало поголеми градежни зафати,  реконструиран е само покривот.

Се прави комплетна реконструкција, кров столарија, фасада, подови, ѕидови и таму се поставува и греење и климатизација, громобранска инсталација, но имаме и набавка на апарати за хемодијализа – вели Мирјана Лозаноска, директор на центарот за развој на Југозападен плански регион.

Нефролошката болница добива средства со кои на некој начин ќе има подобри услови за работење на сите вас, но и подобри услови за пациентите – рече градоначалникот Рамис Мерко.

Нефрологија Струга

Специјалната болница за нефрологија Струга опслужува до 200.000 пациенти од целиот регион, а редовно 110 лица се на хемодијализа.

Нефрологија Струга

Новинар : Соња Рилковска