Skip to main content

Потресите со мал интензитет и очекувани

Неколку земјотреси регистрирани во околината на Охрид за само едно деноноќие. По синоќешните три потреси  утрово апаратурата на сеизмолошката опсерватирија во Скопје регистрира уште два нови потреса.

 |  Татјана Маленкова  | 
zemjotres
земјотрес

zemjotresНеколку земјотреси регистрирани во околината на Охрид за само едно деноноќие. По синоќешните три потреси  утрово апаратурата на сеизмолошката опсерватирија во Скопје регистрира уште два нови потреса во 11:10 минути со јачина од 2,8 степени според Рихтер, и вториот во 11:39 минути со јачина од 2,6 степени. Експертите одамна ги предвидуваа овие сеизмички активноти. Зоран Спирковски од Хидробилошкиот институт со свое објаснување за потресите во Охрид:„Сите неисполнети места со обилните врнежи се преполнаа со вода. Доколку дојде до нагло повлекување на водата нормално е да се очекуваат вакви последици. Во секој случај сеизмолозите најдобро би одговориле на ова прашање“
Епицентрите на потресите во Охрид беа на различни точки. Првиот беше на 6 километри источно од Мешеишта, а вториот 3 киломентри југоисточно од Струга.
Инаку Спирковски напомена дека тектонски пореметувања во текот на годината има над 100, како во самиот езерски басен, така и на раседните линии и на одредени делови кои се издигнуваат од планинскиот венец.  





{loadposition content}