На 17.03.2026 во 22:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 25 годишно лице од с. Мороишта, струшко и патничко возило „форд“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 40-годишна жена од с. Мислешево, струшко. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила жената возач на фордот., додека нејзиниот 41-годишен сопатник од истото село се здобил со телесни повреди, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. За настанот е известен јавен обвинител. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.