Повторно инцидент со струен удар на женска плажа Струга
46 годишен стружанец, денеска околу пладне, на женска плажа, при поставување на пумпа на струја за наводнување, добил струен удар како резулатат на краток спој.
46 годишен стружанец, денеска околу пладне, на женска плажа, при поставување на пумпа на струја за наводнување, добил струен удар како резулатат на краток спој. Тој веднаш бил пренесен во Општа болница Струга. Дежурниот доктор Мирко Лекоски, во телефонски разговор за ТелевизијА ТВМ изјави дека пациентот бил примен во состојба на бесознание, без срцева акција и дишење.
„Ги презедовме сите мерки за реанимација и за среќа на пациентот а и наша се разбира, успеавме да го реанимираме и вратиме во живот. Воспоставивме нормално дишење и срцева акција и пациентот се наоѓа во една стабилна состојба односно има стабилни витални функции.“– д-р Мирко Лекоски.
Д-р Лекоски не информира дека пациентот треба да биде понатаму следен затоа што не се знае колкаво оштетување претрпело мозочното ткиво. Во придружба на анестезиолог и медицинска сестра, пациентот со возило на итна медицинска помош бил пренесен во Клиничката болница во Битола, каде има услови за понатамошен третман и опоравување.
Д-р Лекоски не можеше со сигурност да каже која била причината за повредата, односно дали станува збор за струен удар.
„Ние добивме информации дека станува збор за давеник, после тоа добивме информации дека станува збор за удар од електрична енергија, меѓутоа пациентот беше донесен очигледно изваден од вода, но немаше некои надворешни знаци за некаква траума или удар од струја, така што се би било шпекулација. Не можеме да потврдиме дали станува збор за струен удар или можно е да е настанат и инфаркт.“ изјави д-р Лекоски.
Инаку инцидентот го потврдија и од СВР Охрид. Според нивните информации, човекот поставувал водна пумпа за да вади вода од езерото за наводнување, при што го удрила струја. Во струшката болница пацинетот бил реанимиран и доведен во состојба на стабилни витални функции а препраќањето на Битолскиот клинички центар бил на барање на членови на семејството на пациентот, додаваат од СВР.
{loadposition content9}