На 09.04.2023 година во 01:30 часот, во ОВР Струга пријавено е дека, покрај крајбрежието на Охридското езеро, околу патека која од Струга води кон селото Калишта, настанал пожар на државно земјиште со трска и нискостеблеста вегетација.
Повредени лица нема, а интервенирала територијалната противпожарна единица од Струга – се вели во соопштението на СВР Охрид.