Skip to main content

Пожар во О.У. „Јосип Броз Тито“

Евакуација на ученици и персонал. Основните училиштата во охридско – струшкиот регион, на висина на задачата.

 |  Билјана Николовска  | 
pp vezba
пп вежба

Пожар во ОУ. „Јосип Броз Тито“. Ове е само успешно реализирана практична показна вежба на Црвениот крст од Струга, во соработка со противпожарната служба, центарот за управување со кризи, ургентната медицинска помош. Соња Стојкоска од Црвениот крст од Струга рече дека неколку денови наназад напорно се подготвувале за реализација на вежбите кои се однесуваат на справување со состојба на земјотрес и пожар.
Сирените на пожарните и полициските возила, како и на ургентната медицинска помош навреме стигнаа пред ОУ Јосип Броз Тито. Тие беа во реална готовност да ургираат на можните состојби предизвикани од земјотрес и пожар. Волонтерката на Црвениот крст Марија Мечкароска рече дека се подготвени да го употребат стекнатото знаење во вакви состојби.
pp vezbaУчениците од ОУ Јосип Броз Тито одлично ја исполнија својата обврска, секако подржани од  целокупниот раководен тим на ова училиште. Во оваа активност беа вклучени и тимовите на Дирекцијата за заштита и спасување. Со овие тактичко показни вежби се врши проверка на функционалноста на плановите за заштита и спасување во случај на земјотрес и пожар а воедно и на подготвеноста на воспитно- образовните институции за дејство при природни несреќи и катастрофи. Целта на ваквите активности е да се намали бројот на жртвите, но и економските и социјалните последици од несреќите.



{loadposition content9}