Skip to main content

Пратеничката канцеларија на Затурска отворена за сите

Добредојдени се сите граѓани, без разлика на партија или вероисповед, вели Лилјана Затуроска.

 |  Билјана Колоска  | 
logo
лого
Добредојдени се сите граѓани, без разлика на партија или вероисповед, вели Лилјана Затуроска.

Инфраструктурата, комуналната хигиена, недостаток на паркинг простор, преголема бучавост. Ова се само дел од проблемите со кои се соочуваат граѓаните на Струга. Последниов период позачестени се поплаките на жителите кои и ги пренесуваат на пратеничката Лилјана Затуроска од редовите на ВМРО ДПМНЕ. Поголем дел од нив веќе се информирани оти за решавање на своите проблеми можат да се обратат до канцеларијата на пратениците Фијат Цаноски и Лилјана Затуроска.
Секој ден се повеќе се зголемува бројот на граѓани кои имаат некаков проблем, забелешка или сугестија, кои и ги кажуваат неа, кажува Затуроска.

Liljana Zaturoska„Досега граѓаните кои доаѓеле не се само од партијата на ВМРО ДПМНЕ, јас сум пратеник на сите, без разлика на партиска или верска припадност“-вели пратеничката Лијлана Затуроска.-

Досега, пракса беше таа да се состанува со граѓаните во петок, но бидејќи како што вели таа, во тој ден има многу обврски во парламентот, сега канцеларијата е отворена секој работен ден од 10 до 15 часот, со тоа што за потребите на граѓаните во моментов е ангажиран нејзин  асистент.

„Како асистент јас сум продолжена рака на пратеничката. Кога таа не е тука на граѓаните им закажува средба со неа, или доколку можам сама да им помогнам тоа го правам веднаш“-истакна  асистентот Кристина Тодороска Петреска.

Инаку, за оние кои не се информирани, пратеничката канцеларија на Лијлана Затруоска и Фијат Цаноски се наоѓа во старата зграда на основното училиште „Браќа Миладиновци„ наспроти подрачното министерство на одбрана.


{loadposition content9}