Празнична литија – еордија во Струга
Викендов се одржа празнична еордија, во спомен на славниот Великомаченик Георгиј Победоносец.
Станува збор за чествување кое отсекогаш имало големо значење за нашиот народ. Сведоштво за тоа е и оваа празнична литија која се одржува во Струга. Настанот беше збогатен и со носење на моштите на св.Георгиј од дебарскиор манастир Рајчица.
Голема е радоста која ја носи празнувањето во спомен на славниот великомаченик Георгиј. Викендов во Струга, втора година по ред, верниците присутвуваа на литија во чест на христијанскиот празник Ѓурѓовден.
Станува збор за една прекрасна традиција, која постои овде уште од времето на преродбата, кога на местото од стариот храм од 16-ти век, а кој бил урнат во времето на Османлиското ропство, во 1835 никнал сегашниот храм посветен на Св. Георгиј, како завет на светогорските зографски монаси. Тогаш струшкиот народ, кој отсекогаш го почитувал и славел Великомаченикот, понесен од христијанско милосрдие и љубов, на вториот ден од храмовата слава поставувал скромна трпеза на љубовта, надвор од храмот, и ги повикувал сите бедни, од сите националности и вери, и притоа струшките еснафи си земале подвиг пожртвувано да им служат на сиромасите, а се грижеле и за тоа на болните, вдовиците и сирачињата, кои не можеле да дојдат, храната да им се однесе дома.
После вечерната празнична богослужба, поворката народ се упатува кон центарот на градот, проследена со знамиња, крстови, чудотворната икона на маченикот и неговите свети мошти. Ова е знак дека и самиот Победоносец духовно чекори со литијата и ги благословува сите.
Моштите на Св. Георгиј Победоносец се донесени во Македонија во 2003 година од Светогорскиот скит Кавсокаливија, преку архимандриотот Епифаниј од Атина. Подарени му се на архимандриото Партениј за метохот на Св. Георгиј Победоносец во с.Рајчица, Дебар. Инаку моштите, се надалеку познати и по своето чудотворство и исцелителност. Ордијата е вековна христијанска традиција која се изведува во чест на донаторите и ктиторите на светите храмови. Моштите извесно време ќе бидат изложени во струшката црква Св. Ѓорѓи, а потоа повторно ќе бидат пренесени назад во манастирот во село Рајчица.
{loadposition content9}