Пречистителната станица за третман на отпадни и фекални води во колапс
Половина година пречистителната станица за третман на отпадни и фекални води во близината на Струга е во тотален колапс, односно не работи, открива директорот на Јавното претпријатие Водовод Струга. Ваквата состојба е алармантна и веќе предизивикува еколошка катастрофа во реката Црн Дрим, и делумно во Охридскотo Езеро.
Сериозна е состојбата со пречистителната станица во Враништа. Дел од фекалиите директно се влеваат во реката Црн Дрим во Струга, односно во Охридското Езеро. Пречистителната станица веќе 6 месеци е во колапс вели директорот на МЈП „Проаква“ Р.Е. Струга, Ваит Ајро. Според него механичките дефекти кои што настанале изминатиов период и не биле решени се причина поради вакавата состојба
„Конкретно дневно се прелеваат 700-800 литри во секунда непречистени фекалии во реката Дрим, а делумно и во Охридското езеро, тоа е вистинска еколошка бомба, реално системот предизвикува еколошки проблеми и алармантно е да се каже дека овој систем не е во функција неколку месеци“.
Директорот како добар познавач на состојбата бидејќи пред 5 години тој беше диектор на ова ЈП вели дека системот на новото раководство го предале во потполно исправна состојба.
„Сега сме во состојба ние повторно да го преземеме системот во потполно нефункционалана состојба. Сигурно од овој аспект ќе се преземат мерки прво со известување на институциите на локално и централно ниво и да се преземат итни мерки за повторно враќање на системот во нормална состојба“
Инаку засега нема ништо од најавите на премиерот Заев дадени уште во јули годинава дека Владата ќе го преземе управувањето со колекторот од општините, поради големите долгови и неможноста за негово одржување. Но, од „Проаква“ се надеваат на решение со странски пари. Уште во 2013 година била направена ревизија со помош на јапонската влада и бил составен еден солиден проект кој веќе бил предложен да се финансира преку ИПА фондовите. директорот верува дека тоа е единствен проект кој може да го спаси овој систем и да го стави во функција. Вредноста на проектот се проценува на околу 50 до 60 милиони евра