Пречистителна станица ќе се гради во Радожда
Со пречистителна станица ќе се заокружи колекторски систем од струшко Радожда. Ќе се намали загадувањето на Охридското Eзеро, како клучна препорака на Унеско, а водата ќе биде побезбедна за капачите.
Наместо продолжување на постоечкиот цефковод на колекторот од Елен Камен, поради заштеда на електрична енергија, ќе се гради пречистителна станица.
„Нашето размислување е Радожда да се реши со сопствена пречистителна станица со капацитетите кои што ги има Радожда. Пречистената вода да може директно да се влева во Охридското Езеро“ – вели Владимир Алексијоски, директор на ЈП „Колекторски систем“.
ЈП „Колекторски систем“ ќе го снима целосно колекторскиот цефковод, со цел да се детектираат дивите приклучоци кои го отежнуваат нормалното функцинирање, а во струшко ги има многу.
„Во план ни е да го снимиме целосно колекторскиот цефковод и да продолжиме со санацијата која ја отпочнавме, за која што ни беа доделени средства и истата таа како прва фаза е успешно завршена“ – вели Алексијоски.
Владата во февруари лани, побара проектот за колекторски систем во Радожда, во насока на отстранување на сите ризици по Охридското Езеро и Охридскиот регион, да биде приоритетен проект за 2021 – 2022 година, но изградбата се` уште не е започната.
Новинар Соња Рилковска