Skip to main content

Пречистителната станица во Враништа повторно го уклучува црвениот аларм кај екологистите

Според најновите испитувања на Центарот за јавно здравје од Охрид, квалитетот на водата која се пречистува таму и потоа се влева во Црн Дрим е од четврта и петта класа.

 |  Мишел Наумоски  | 
Drim
Дрим

Пречистителната станица во Враништа повторно го уклучува црвениот аларм кај екологистите. Според последните испитувања на квалитетот на водите во охридско-струшкиот регион, водата која би требало пречистена да излегува од станицата во Враништа, наместо со подобар, таа со полош квалитет се влева во реката Црн Дрим. Д-р Сашо Точков, бромолог во Центарот за јавно здравје од Охрид вели дека неефикасното работење на пречистителната станица во Враништа ја оптоварува реката Црн Дрим и ја загадува нејзината вода.

Crn Drim„Станицата уште од кога е поставена си имала своја улога значи како собирна станица и како систем кој што ги прочистува отпадните води, треба да ги прочисти до тој степен да биде максимум со класа 2, односно со втора класа да влегува во реката Црн Дрим. На почетокот функцијата била онака како што треба, не знам кои се причините, можам само да констатирам дека сега водта е со 4та и 5та класа. Препорачувам секако да се изврши некое реновирање, или набавка на некои потребни филтри, делови, не знам кој дел таму не функционира и зошто  е таква состојбата со водата.“-вели д-р Сашо Точков, бромолог во Центарот за јавно здравје од Охрид.

Екологистите години наназад укажуваат околу овој проблем. Велат дека фактот дека водата од станицата во Враништа непречистена се влева во Дримот веќе има свои последици врз живиот свет во реката.

Vranishta precistitelna„Веќе значи нешто. Значи нарушување на живиот свет по течението на Дрим, флората и фауната, тоа е веќе општо познато дека состојбата е таква каква што е. Нарушувањето не е нешто ново, нешто од денеска. Наназад години, дали било во помала или поголема мера, тоа загадување, тоа е во континуитет повеќе години така да во секој случај, што побрзо преземање некакви активности во таа насока, што подобро за состојбата со реката.“-рече екологистот Борис Стојаноски од ЕД „Грашница“.

Го контактиравме и директорот на МЈП Проаква, Томе Паскалоски. Тој вели дека проблемот е добро познат, односно дека во дождливо време, колекторскиот систем дури за 5 пати од својот капацитет се преоптоварува особено во деловите каде што има стара мрежа и поради тоа настанува загадување на водата. Паскалоски, решението го гледа во јапонскиот проект за реконструкција на колекторскиот систем.

Tome Paskaloski - direktor na MJP Proakva„Зборуваме за санации кои чинат многу пари, големи финансиски средства. Во таа насока е и оваа студија од JICA од јапонската влада. 54 милиони евра е само студијата, апроксимативно за рехабилитација на колекторскиот систем. Зафати од мал вид не се можни бидејќи треба сериозен пристап и сериозни инвестиции и континуирано треба да се инвестира во колекторскиот систем. Не би можел сега да ви кажам кои мали зафати. Прво ќе се отпочне со рехабилитација на пречистителната станица.“-изјави директорот на МЈП „Проаква“, Томе Паскалоски.

Последните информации говорат дека во наредниве два месеци јапонските експерти треба да започнат со изработката на физибилити студијата за рехабилитација на колекторскиот систем, а самиот проект треба да се реализира со неповратни средства од Јапонската агенција за меѓународна соработка. Инаку од ЕД „Грашница“ не информираа дека и нивните албански колеги како и албанската влада пројавиле интерес да се вклучат во активностите за санирање на ваквите состојби.

{loadposition content9}