Предсезонски аларм
Струшките угостители стравуваат дека се надѕира пропадната туристичка сезона.
Блага опомена. Струга во моментов не е подготвена за туризам. Струшките угостители сериозно стравуваат за престојанта туристичка сезона. Тие пососчија низа проблеми кои општината треба да ги реши за да дојдат туристите во овој град. Дел од нив предупредија на проблемите кои им бодат очи, а заради кои туристите ќе го заобиколат овој туристички центар. За една успешна сезона еден од основните услови е хигиената, па потоа инфраструктурата и уредувањето на градот, вели Наум Угреновиќ, угостител од Струга. Тој додава дека тоа е примарна работа на општина Струга, на што очигледно се потфрла, бидејќи се погласни се критиките на туристите во тој дел.
Не е во прашање само интересот на угостителите, вели Емил Попоски, угостител од Струга. Тој потенцира дека овој прес е со цел да се согледаат потребите на струшките угостители, бидејќи според него и тие се дел од добрите инвеститори во градот. Попоски дециден дека 5 години во Струга на полето на туризмот ништо не е направено . Според него непосетеноста на градот пред се од домашните туристи зборува за реалната слика на полето на туризмот во градот.
Овој проблем е заеднички кај сите угостителски работници во градот од различна етничка припадност, а ги има некаде околу 200. Јетмир Селим вели дека нетреба да се оди подалеку, освен да се следи примерот со соседниот град Охрид, каде очигледно многу се вложува за развоја на туризмот.
Според Шефи Речи еден од добрите познавачи на угостителството, Струга има реални цени на угостителлските услуги. Тој рече дека Локалната мора да обрне повеќе внимание кој се се занимава со туризам, бидејќи во градот има луѓе кои работат во канцалариите за туризам а немаат познавање и ниту Т од туризмот.
Овие горливи проблеми години наназад се рак рана за струшките угостители. Тие сметаат дека мора да се направат напори за да се привлече домашната клиентела, бидејќи од организираните тури на туристи бенефит имаат само поединци. Во Струга сеуште нема еснаф на угостители, па можеби од тука произлегува и индолентниот однос на општината кон овие проблеми. Според нив, досега градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, не седнал со нив на иста маса да ги слушне проблемите на угостителите.
{loadposition content9}