Skip to main content

Предшколска мултиетничка паралелка во Струга

Своите деца ги запишуваат на листа на чекање уште од самото раѓање. Проектот „Мозаик“ бележи успех во 9 годишното постоење.

 |  Билјана Ќосеска  | 
gradinka
gradinka

Своите деца ги запишуваат на листа на чекање уште од самото раѓање. Проектот „Мозаик“ бележи успех во 9 годишното постоење.

Мултиетничката паралелка во претшколската установа во Струга, побуди голем интерес кај граѓаните. Од годинава покрај едната паралелка функционира  и друга група. Детската установа 8-ми Март е вклучена во мултиетничкиот проект „Мозаиk“ уште  пред 9 години. Вкупно во двете групи има 50-тина деца. Интересот на родителите за да ги запишат своите деца во мултиетничката група е голем, кажува директорката.

„Децата се запишуваат од самото раѓање.Кога ќе наполнат 3 години веднаш влегуваат во групата“-кажува Симонка Јаканоска, директор  на градинка 8-ми Март.

gradinkaВо двете групи има деца од албанска и македонска националност. Сите активности кои се предвидуваат во програмаѕта пред децата се презентираат на двата јазици. На Тој начин тие се запознаваат со јазикот на своето другарче и многу пати се поздравуваат или на албански или на македонски.

„Кај нас постои соживотот и заедничкото дружење. Децата меѓусебно учатат за обицаите на своето другарче. За бајрамските или велигденските празници организираме посета кај некој од децата„-кажува директорката Јаканоска.

Голема е потребата од вакви паралелка, посебно во граѓа каде неопходен е соживотот. Родителите на децата кои ја посетуваат наставата се задоволни од начинот на кои функционираат истите, кажува директорката на градинката. Од големо значење е децата од мали нозе за стекнат навика за соживот а овој начин е најсоодветен за тоа, додава таа.

{loadposition content9}