Skip to main content

Предвремени избори, повторно ли?

Сиромаштијата и невработеноста, во прв план на партијата обединети за Македонија.

 |  Николовска Биљана  | 
logo
лого

Сиромаштијата и невработеноста, во прв план на партијата обединети за Македонија.

izboriПоединецот да биде во центарот на вниманието а не политичарот смета проф. по политички науки Нано Ружин, додека пак првиот човек на РМ претседателот Ѓорѓе Иванов вели секој си има право на свои желби.

Лидерот на обединети за Македонија Љубе Бошковски се погласен во најавите дека во земјава треба да има предвремени избори. Бошкоски, многу обвинувања, факти и аргументи наведе во своите изјавите кои неодамна ги даде за нашиот медиум. Пред се тој кажа дека ова е време кога се надминати македонските стереотипи. На нашиот народ доста му е од двете политички гарнитури кои ја диктираат власта  цели 20 години од осамостојувањето на Македонија.

„Факт е дека луѓето бараат промени, потребни им се нови патишта и очигледно е дека досадно им е и од едната и од другата опција“ вели проф. Нано Ружин. Тој потенцираше дека индивидуата веќе е изгубена, постои криза на институции, а се наметнува и прашањето кој верува во македонскиот судски систем и кризата на идеологијата.

Сите овие обвинувања на адреса на актуелната политика на владеачката гарнитура, претседателот Иванов ги искоментира во една реченица.

Ѓорѓе Иванов-претседател на Р. Македонија, во контекст на ова изјави дека:
„Останува времето да покаже дали во Македонија навистина ќе има предвремени избори, и дали ќе се најде некој кој ќе направи вистински чекор за подобра иднина на македонскиот народ кој од времето на историјата секогаш се споменува како напатен.“

{loadposition content9}