Прегазена 24 годишна стружанка
Синоќа на регионалниот пат Струга-Дебар, во сообраќајна несреќа животот го загуби 24 годишната Елвира. Ш од Струга.
Несреќата се случила синоќа во 21 часот на самиот влез во Струга, каде врз сега починатата удрило патничко моторно возило „Фиат пунто“ со струшки регистерски таблички управувано од 27 годишниот О.Ш, од Лабуништа. Според портпаролот на СВР Охрид, м-р Стефан Димовски причина за несреќата било неправилно преминување на улицата од регионалниот пат, од страна на починатата, во која, со левиот преден дел удрило возилото, од што таа на лице место им подлегнала на повредите. На возачот на патничкото возило одредена му е мерка притвор во траење од 15 дена. Тој возилото го управувал со неприспособена брзина кон условите и состојбата на патот, додава Димоски. На местото на тешката сообраќајна незгода бил извршен увид во присуство на истражен судија и јавен обвинител како и полициски екипи од полициската станица во Струга. Во текот на денешниот ден, по наредба на истражен судија, врз телото на починатата е извршена обдукција.
{loadposition content9}